Градинката „Пчелка“ во Лисиче со нова енергетски ефикасна фасада

Фото: Општина Аеродром

Завршија градежните активности на градинката „Пчелка 2“ во населбата Лисиче, со што објектот  доби целосно нова енергетски-ефикасна фасада.

Станува збор за инвестиција од буџетот на Општина Аеродром, со која значително се подобруваат условите за згрижување на децата и средината во која растат, но и се придонесува кон заштеда на електрична енергија и финансиски средства кои ќе бидат пренаменети за други проекти во областа на образованието и социјалната заштита – информира градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој ја посети градинката.

Претходно, целосна реконструкција и енергетски-ефикасен објект доби и градинката „Лале“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот