Градежник од Македонија загина во Словенија, паднал од скеле

Несреќата се случила околу 15:30 часот за време на работа на фасада во деловен објект. Работникот паднал на поплочен тротоар.

Трагедија се случила во понеделникот попладне во населбата Шемптер кај Нова Горица, Словенија, кога 53-годишен работник од Македонија загина по пад од 8 метри високо скеле.

Несреќата се случила околу 15:30 часот за време на работа на фасада во деловен објект. Работникот паднал на поплочен тротоар. Колегите веднаш повикале итна медицинска помош, но лекарите не успеале да го реанимираат и констатирале смрт на местото на настанот.

Полицијата го известила истражниот судија и државниот обвинител, а инспектор од Трудовиот инспекторат присуствувал на увидот.

Наредена е обдукција за утврдување на точната причина за смртта, а истрагата за околностите на падот продолжува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот