Град Скопје веќе нема да сече зеленило без да ги извести граѓаните

ЈП „Паркови и зеленило“

Во Скопје повеќе нема да може да се сече, корне, кастри зеленило без знаење на граѓаните.

Советот на Град Скопје го усвои предлогот на „Зелен хуман град“ за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленило и со тоа донесе, како што велат од граѓанската иницијатива, „историска одлука за Скопје“.

Со донесувањето на ваква одлука сите решенија што Град Скопје ги издава за интервенција врз зеленило ќе бидат јавно објавувани заедно со записниците на денот на нивното издавање. Решенијата нема да стануваат правосилни додека не истече законски утврдениот рок за жалба и не поминат процесите на обжалување, споделија од ЗХГ на социјалните мрежи.

„Ова е огромен напредок во заштитата на зеленилото во Скопје и во овозможувањето пристап до правда за граѓаните со цел заштита и унапредување на животната средина и природата“, велат од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД и додаваат дека за нивниот предлог гласале 28 советници од сите советнички групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот