
Град Скопје организира јавна дискусија со граѓаните од Ѓорче Петров за новиот ГУП
Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира јавна дискусија за градските четврти лоцирани во општина Ѓорче Петров, чија цел е да ги вклучи граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јавната дискусија започнува во 9 часот на 11 август, ќе се одржи во салата на Град Скопје во барака 13, а за секоја четврт ќе се дискутира посебно и тоа за СЗ 08 од 9 до 10 часот, за C3 15 од 10 до 11 часот, за C3 16 од 11 до 12 часот, C3 18 од 12 до 13часот и за C3 17 од 13 до 14 часот.
Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата [email protected]. Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес – соопштуваат од Градот.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 08:
– од североисток: по оска на планирана траса на градска магистрална сообраќајница бул. Илинден
– од југоисток: по оска на планирана траса на градска магистрална сообраќајница улица Црногорска
– од југозапад: по оска на улица Лука Геров
– од северозапад: по оска на улица Лепенец
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 15:
– од север: по оска на Булевар Партизански Одреди;
– од исток: по оска на улица Ѓорче Петров;
– од југ: по оска на улица Ѓорче Петров
– од запад: по оска на булевар Македонска Војска
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 16:
– од север: по оска на планирана траса на градска магистрала булевар Илинден (постоечка улица 1409)
– од исток: по оска на планирана траса на улица Ацо Шопов
– од југ: по оска на булевар Партизански Одреди
– од запад: по оска на Планирана траса на градска магистрала улица Црногорска (постоечка улица 1409)
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 17:
– од северисток: по оска на река Лепенец
– од југоисток: по оска на река Вардар
– од југозапад: по оска на планирана траса на градска магистрала бул. Илинден (постоечка улица 1409);
– од северозапад: по оска на планирана траса на магистрална сообраќајница улица Словенечка
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 18:
– од исток: по оска на новопланирана сервисната улица Фјодор Достоевски
– од југоисток: по оска на сервисната улица Ацо Шопов
– од запад: по оска на новопланирана собирна улица Ацо Шопов
– од север: по оска на градска магистрала бул. Илинден