Град Скопје: Наредниве денови ќе се прска против комарци од земја и од воздух

Прскање против комарци / Фото; МИА

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку денови на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци.

– Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од денеска, па сè до сабота, и тоа во периодот од 22 до 3 часот, наредниот ден. Авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, пак, ќе се одвива на 25.6.2022 година (сабота) и на 26.6.2022 година (недела), во раните утрински часови – информираат од Град Скопје.

Според градските власти, доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот