Град Скопје ќе ѝ даде на „Дрисла“ два милиони денари да гради јами за мрши

Седница на Советот на Град Скопје / фото: Град Скопје/принтскрин

Три јавни претпријатија ќе добијат дополнителен износ на субвенции доколку градските советници на денешната седница на Советот, дадат зелено светло за предложените одлуки.

За ЈП „Дрисла“ се предвидени 2 милиони денари, а со тие пари претпријатието треба да изгради две јами за мрши од животни.

„Лајка“ пак треба да добие дури 3 милиони денари дополнителни субвенции затоа што претпријатието се соочувало со потешкотии во работењето, затоа што општините не го плаќале тоа што е договорено.

Бидејќи претпријатието не ги остварило своите приходи, а општините во градот Скопје не ги подмируваат своите обврски навремено, со оваа одлука предвидена е субвенција од 3.000.000 (три милиони) денари, обезбедени од Буџет на Град Скопје за 2022 година, преку ставката за потешкотии во работењето, од причина што претпријатието се наоѓа во незавидна економска состојба, па согласно на тоа овие средства ќе допринесат за извесна материјална консолидација на претпријатието – се вели во образложението на предложената одлука.

Со измените на Буџетот на град Скопје предвидени се и 600 000 денари за преиспитување на управните акти на ЈП „Паркови и зеленило“.

Како што се објаснува во Предлог – одлуката, во претпријатието има голем број правосилни решенија, издадени од Град Скопје, во последниве четири години, кои не се реализирани, па се наметнува потреба од стручна ревизија од овластен субјект, во смисла дали и понатаму постои потреба од реализација на тие акти односно нивно изменување. Со донесување на предложената одлука, како што сметаат Град Скопје, ќе се обезбедат потребните финансиски средства за реализација на оваа активност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот