Град Скопје ги објави повиците за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Жената била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски" каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди./Фото: Град Скопје

Град Скопје ги објави повиците за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година. Аплицирањето ќе се одвива онлајн, а право на учество имаат жителите на Град Скопје, од општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар Чаир и Шуто Оризари.

– Граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари по лице, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7 000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот ќе биде отворен до исцрпување на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен”, информира Град Скопје.

Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди и за електрични тротинети предвидени се десет милиони денари од кои 8,5 милиони денари за велосипеди, а 1,5 милиони денари за електрични тротинети. Согласно со предвидените финансиски средства, Градот годинава ќе додели субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед и вкупно 527 субвенции за граѓаните што купија електричен тротинет.

На повикот за доделување субвенции за купување велосипед и електрични тротинети граѓаните ќе можат да се пријават електронски на веб страната на Град Скопје и Скопје лаб или директно на линковите за субвенции за велосипед или тротинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот