Готово: Жоао Кансело од Манчестер сити во Барселона

фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Репрезентативецот на Португалија во понеделник навечер би требало да пристигне во Барселона за да ја финализира позајмицата до крајот на оваа сезона.

Барса повторно е активна на трансфер пазарот, ангажира уште еден играч од Манчестер сити. По Илкај Гундоган, Каталонците со „граѓаните“ се договорија и за трансфер на Жоао Кансело (29).

Според новинарот Фабрицио Романо, документите конечно се разменуваат меѓу двете страни.

Договорот е Кансело до крајот на сезоната да игра како позајмица со опција за откуп следното лето.

Искусниот одбранбен играч во текот на кариерата беше дел од Бенфика, Валенсија, Интер, Јувентус, Манчестер сити, и Баерн Минхен во кој исто така играше на позајмица, со освоени титули шампион на Португалија, Италија, Англија и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот