Готово: Усман Дембеле е во Париз да го комплетира трансферот во ПСЖ

фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Усман Дембеле (26) штотуку слета во Париз, да го официјализира договорот со ПСЖ.

Барселона и ПСЖ ги договорија сите детали, документите се готови и сè ќе биде официјално во текот на оваа недела.

Директорот на Барса, Матеу Алемани претходно потврди дека Дембеле оди во Париз, само треба уште да се потпишат сите документи.

Французинот не беше дел од составот на Барса која успеа да го освои трофејот „Жоан Гампер“ и покрај тоа што учествуваше на еден од последните тренинзи.

Според најавите Дембеле за 50 милиони евра ќе биде нов фудбалер на францускиот шампион, а клубот од „Камп Ноу“ ќе добие „само“ 25 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот