Гостиварец натепан од малолетниот свршеник на неговата ќерка

Полиција - пункт / фото: EPA/EFE. Georgi Licovski

Жител на Гостиварско вчера бил натепан од малолетно момче од неговото село, кој е свршник на ќерката на тепаниот, соопшти МВР.

Момчето го нападнало и братот на вереницата, велат од полицијата.

„46-годишниот Б. Ќ. од гостиварско село, вчера (25 април) во 20.30 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 18.30 часот во неговиот семеен дом тој и малолетниот син на пријавителот биле физички нападнати од малолетник од селото, инаку свршеник на ќерката на Б. Ќ.. Се расчистува и документира случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот