Горан Иванов: Се зголемува финансискиот криминал во земјава

Горан Иванов - директор на финансова полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Се зголемува финансискиот криминал во државава, како перењето пари и даночното затајување, но се зголемуваат и контролите од страна на Финансиската полиција и сторителите се откриваат- вели директорот на институцијата Горан Иванов за Утрински печат на Слободна ТВ.

– Работиме во повеќе сектори, се контролираат многу правни и физички лица кои се занимаваат со различни дејности, не можам да кажам дека се контролираат сектори. Ние како Управа работиме на откривање на многу сторени кривични дела според Законот за финансиска полиција- вели Иванов. Според него во моментов се работи на повеќе од 300 предмети.

-Можам да спомнам некои од позначајните. Работиме на предмети во кои се инволвирани правни и физички лица во кои се прикажани фактури со нерелана содржина во текот на последните години. Тие неосновано ја намалувале обврската за плаќање на Данок на додадена вредност во повеќе правни субјекти и со тоа е оштетен буџетот на Северна Македонија. Овој предмет го работиме заедно со Обвинителство- вели Иванов.

Првиот финансиски полицаец вели дека постапувааат по предмети во кои правни и физички лица преку невистинити фактури предизвикале штета на европските фондови, но и на ИПАРД.

– Имаме активности на проверка на технички прегледи на моторни возила каде што поднесовме голем број на кривични пријави низ цела држава во која се присвоени незаконски парични средства од одговорните лица во правните лица- вели Иванов.

Во интервјуто за Утрински печат со директорот Иванов разговаравме и за контролите на Кванташкиот пазар, за највисокото даночно затајување во земјава, за финансиските измами, но за злопупотребите на службената положба. Гледајте не утре во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот