Голоб и Јанша водат на анкетите во Словенија за парламентарните избори во април

Јанез Јанша
Јанез Јанша/ Фото EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Движењето Слобода, политичка платформа водена од Роберт Голоб, ќе освои 18.8 отсто од гласовите, а Словенечката демократска партија на сегашниот премиер Јанез Јанша – 17.2 отсто на парламентарните избори закажани за 24 април. Ова се резултатите од новата анкета на љубљанскиот медиум „Дело”, според моменталното расположение на гласачите.

Потоа следуваат Социјалдемократите со 8.8 отсто, па Левица со 7.6 проценти. Се очекува во новиот парламентарен состав, свои застапници да имаат вкупно осум партии.

За демохристијанската Нова Словенија сега би гласале 4.8 отсто од анкетираните, за Листата на Марјан Шарец – 3.8, за Партијата на Аленка Братушек – 3.7, а за политичката платформа Да ја поврземе Словенија – 3.6 проценти.

Анкетата бележи пад кај оние лица кои сè уште немаат донесено одлука за кого ќе го дадат својот глас. Пред еден месец тие сочинуваа 17.5 проценти, а сега, 12.5 отсто.

Анкетирани се 705 лица, а истражувањето за словенечкиот медиум го спроведе агенцијата Медиана.

Според друга анкета, чии резултати се објавени во „Вечер” и „Дневник”, работата на Владата на Јанша како успешна ја оцениле 36.3 отсто од граѓаните, а како неуспешна – 57.2, останатите не се определиле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот