Големите спортски настани за локалните жители носат повисоки даноци, метеж и загадување

Париз фото МИА

Пред овогодинешната Олимпијада во Париз, населението во пренаселениот град постојано протестира, бидејќи пристигнувањето на илјадници туристи ќе создаде уште поголем метеж, но некои официјални лица се обидуваат да ја убедат јавноста дека организацијата на овој настан веројатно ќе им се исплати на парижаните.

Велат дека ќе се отворат нови хотели, ресторани и паркови, кои ќе продолжат да работат и по Олимпијадата. Сепак, од друга страна, даноците во главниот град на Франција ќе скокнат, трошоците за изградба на инфраструктурата ќе бидат многу високи, а за време на натпреварот градот ќе биде затрупан, бучен, загаден, а најверојатно ќе има скок во криминални активности. Поради сето горенаведено, градовите како Рим и Хамбург се откажаа од организацијата на Олимпијадата.

Економистите велат дека очекувањата од вакви големи спортски настани честопати се пооптимистички од реалноста. Со други зборови, локалните жители имаат помала корист од нив отколку што мислат дека ќе имаат. Во повеќето случаи, трошоците за организирање на вакви натпревари го надминуваат почетниот буџет, а повратот на тие инвестиции понекогаш не успева да ги оправда.

Кога туристичката потрошувачка се земе како критериум, излегува дека и таа е сомнителна, имајќи предвид дека туристите често ги избегнуваат локациите каде што се одржуваат големи спортски настани, пред се поради гужвата и зголемените цени на сместувањето, па всушност не може да се зборува за голем пораст на бројот на посетители, анализира Каматица.

Во една статија објавена во Журнал оф Спортс Економикс, кој се занимава со оваа тема, се наведува дека придобивката од организирање на вакви настани е обично минимална. Ако не и непостоечка. Имено, само две светски првенства во фудбал, едното одржано во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година, а другото во Јужна Африка во 2010 година, привлекоа голем број посетители, додека сите други првенства од овој тип имаа негативен или неутрален прилив на гости. Од 18 анализирани земји во кои се одржувале вакви натпревари, 11 забележале пад на бројот на туристи за време на нив, а во три нивниот број стагнирал. Затоа, само четири земји имаа позитивен ефект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот