ГОЛЕМ ПОЖАР беснее на грчкиот остров Закинтос (ФОТО+ВИДЕО)

Пожар од голем размер го зафати грчкиот остров Закинтос. Оганот се приближил до куќите, а на пожарникарите работата им ја отежнува силниот ветер кој, според прогнозите, нема да ослаби до вторник.

„Евакуирани се околу 300 жители и туристи од селата Кери и Агалас“, рекол за Ројтерс, портпаролот на противпожарната служба.

Во гаснењето на пожарот од утрово учествуваат и авиони, а на пожарникарите од Закинтос им стигнале на помош и околу 120 колеги со 45 возила од цела Грција.

Пожарот на Закинтос избил вчера околу 11 часот. Втор голем пожар во Грција, во близина на летувалиштето Лутраки, на 81 километар западно од Атина, исто така не е локализиран, но надлежните се оптимистични и веруваат дека денес, кога ветрот е ослабен, ќе успеат да го стават под контрола.

Пожарникарите во последните 24 часа примиле повици за гасење на повеќе од 70 пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот