Фото: Профимедиа

Годините не и можат ништо, таа буквално плени: Дамата со најголема насмевка и харизма во Холивуд! (ВИДЕО)

Таа од ден во ден, барем во духот, изгледа се помладо, а мора да признаеме дека и физички изгледа одлично…

Голди Хоун (74) е позната по својот ведар дух, харизмата, широката насмевка и неверојатниот животен оптимизам.

Оваа жена е тешко да се забележи без насмевка на лицето. Таа буквално е лик кој „просто зрачи со позитивна енергија“.

Фото: Инстаграм

 

Славната актерка, како и повеќето ѕвезди, има свој Инстаграм профил, на кој често можеме да ги видиме нејзините семејни моменти, како и многуте кучиња за кои се грижат таа и нејзиниот сопруг Курт Расел, но доста често може да видиме и како таа вежба јога.

Но, не изостануваат ниту моментите во кои Голди е вистински шоумен и во кои покажува колку нејзиниот дух е ведар и младешки, како и секогаш подготвен за забава.

Фото: Инстаграм

Такво е и последното видео од кујната на Голди, каде миењето на садовите го претвори во вистинска мала танц забава.

„Миењето на садовите не мора да биде мачење – може да биде забава“, напиша Голди под разиграното видео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот