Гнев во Техеран откако „Шарли Ебдо“ објави натпревар за карикатури на ајатолахот Хамнеи

Али Хамнеи/ Фото EPA-EFE/Iranian supreme leader office

Иран денеска најави дека ќе реагира до француските власти поради објавување на „навредливи” карикатури на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, објавени во сатиричното списание „Шарли ебдо” (Charlie Hebdo).

Францускиот неделник денеска објави неколку десетина карикатури на ајатолахот Хамнеи. Објавените карикатури беа избрани на конкурс во декември, за време на протестите во Иран.

„Навредливиот и непристоен чин на објавување карикатури против верските и политичките власти нема да помине без ефективен и цврст одговор“, напиша на Твитер шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир-Абдолахијан.

Според него, Иран „нема да дозволи француската влада да ги премине границите“.

„Шарли Ебдо” во декември објави дека „меѓународниот натпревар за карикатура” на Хамнеи има за цел да ги поддржи „Иранците кои се борат за својата слобода”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот