Ѓукановиќ: По изборите ќе имаме можност да формираме влада која ќе нѐ одведе до Европа

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во Црна Гора има доволно политички сили со парламентарен легитимитет да продолжат да ја градат земјата како антифашистичка, граѓанска и европска, изјави денеска долгогодишниот претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ и поранешен премиер и претседател на државата.

Ѓукановиќ, по гласањето на денешните предвремени парламентарни избори, изјави дека верува во брзо формирање на нова влада и препознавање на просторот за маневрирање за Црна Гора да добие власт што ќе и одговара на нејзините стратешки интереси.

Веќе три години живееме во конфузно време, тоа е нормална фаза и ништо повеќе од тоа. Мислам дека сликата веќе делумно е расчистена и дека по овие избори ќе имаме можност да формираме влада која ќе продолжи да ја води државата кон Европа, истакна Ѓукановиќ.

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во соопштението на ДПС се наведува дека Ѓукановиќ додал дека Црна Гора треба да биде земја со растечко владеење на правото и економијата, која природно треба за неколку години да стане членка на Европската унија (ЕУ).

На прашањето дали по изборите ќе биде кандидат за премиер, тој одговори дека најважно е Црна Гора да го продолжи европскиот пат.

Далеку сме од тие теми. Јас неодамна се повлеков од политиката, рече Ѓукановиќ.

Тој рече дека е убеден оти во новите генерации во Црна Гора, вклучително и генерацијата на ДПС и сегашната граѓанска опозиција, има многу добри, квалитетни луѓе, од средната генерација, кои се способни да ги преземат најважните државни функции.

Ми се чини дека во овој момент најважно е Црна Гора да потврди дека сака да продолжи по европскиот пат без дополнителна пауза. А во нејзините редови има многу луѓе кои се способни да ги извршуваат најодговорните државни функции, заклучи Ѓукановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот