Ѓоргиев објаснува за „бугарски фашисти“: Најсоодветно е окупација, инвазија или анексија

Драги Ѓоргиев / Фото: Архива ан Слободен печат

Според мене, Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за тогашна фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време, вели за Радио Слободна Европа копретседателот на заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев.

Тој додава дека термините овде може да се користи и за кои треба да се дебатира без да се наметнува наша одлука се термините окупација, инвазија, па дури и анексија, „затоа што овие простори би биле анектирани кон Бугарија доколку победеле силите на оската, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација“, вели Ѓоргиев.

-Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија, го објаснува Ѓоргиев овој дел од преговорите во Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања.

Неодамна и бугарскиот историчар Николај Овчаров во студиото на „Бугарија во етер“ изјави дека имало фашистички партии и организации во Бугарија, но треба многу внимателно да се користи терминот „фашизам“.

-Може единствено да се користи само во Италија, каде што има класичен фашизам. Во Германија многу често се говори за „германски фашизам“ – нема такво нешто, се вели „германски нацизам“. Многу малку луѓе знаат дека фашистичкото движење во Велика Британија беше многу силно во годините пред Втората светска војна, додава проф. Овчаров во емисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот