Ѓорческа со победа го стартувaше турнирот во Австрија

Фото: mtftennis.mk

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучрс турнирот во Виена што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Алина Михалич со 2-0 во сетови (62 62), која на турнирот настапуваше со вајлд карта.

Ѓорческа во првиот сет по водството на противничката од 1:0 направи серија од пет гема и оствари водство од 5:1, за сетот да го добие со 6:2. Во следниот сет текот беше сосема поинаков. На почетокот беше 2:2, со по еден брејк за двете тенисерки, за потоа Ѓорческа да направи серија од четири гема и сетот да го заврши со идентични 6:2 како во првиот сет.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Арабела Колер (Австрија) и Леире Ромеро Гормаз (Шпанија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот