Ѓорческа ќе игра во полуфиналето на турнирот во Визбаден

Лина Ѓорческа не се закити со трофеј во Ираклион/фото: приватна архива

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува со одличните игри на турнирот во Визбаден, пласирувајќи се во полуфиналето.

Ѓорческа во четвртфиналето играше против осмата носителка, Италијанката Федерика ди Сара, која во вториот сет го предаде мечот.

Ѓорческа доминираше во првиот сет во кој на својата противничка и дозволи да освои само еден гем, а по направениот брејк во вториот сет за водство од 2:0, Италијанката Ди Сара го предаде мечот.

Противник на Лина Ѓорческа во полуфиналето ќе биде подобрата од дуелот меѓу првата носителка Клара Бурел од Франција и Романката Клара Игнатик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот