Ѓилас ќе поднесе кривични пријави против Вучиќ, Мали и Вечерње новости за аферата Маурициус

Претседателот на опозициската Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, најави дека, поради обвинувањата да има 5,7 милиони евра на сметка во Маурициус, ќе поднесе кривична пријава против главниот уредник на Вечерње новости, Милорад Вучелиќ, и истражувачкиот тим на весникот што ги објави овие информации, против Владанка Маловиќ од Српската напредна партија (СНС), која најави објавување на текстот, против министерот за финансии Синиша Мали, како и против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој прв спомна и најави објавување на информации за наводната сметка на Маурициус.

– Покрај фалсификување на сметката со 5,7 милиони евра во банка што не постои веќе две години, тие фалсификуваа и свифт код, што е кривично дело за кое се предвидува затворска казна, изјави Ѓилас на прес конференција.

Тој кажа дека е апсолутно невозможно да имате сметка со оваа сума во Маурициус, бидејќи Дојче банка во Маурициус не работи од 7 декември 2018 година.

Ѓилас покажа снимка на која, на повикан телефонски број од веб-страницата на банката, се слуша известување дека бројот не е важечки.

Тој додаде дека станува збор за компанија која во текот на 2019 година преку неговата сметка остварила обрт од само 21 000 евра.

– И нема можност да ги имам овие 5,7 милиони евра, како што објави Вечерње новости, а подоцна во организирана потера тоа го повторија сите други медиуми под контрола на Александар Вучиќ и СНС, изјави Ѓилас.

Кога станува збор за компанијата во Швајцарија, Ѓилас кажа дека ја основал во 2014 година.

– Јас, исто така, немам приватна сметка во Швајцарија, туку постои компанија основана од мојата компанија од Белград и таа работи легално седум години, нагласи Ѓилас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот