Германските желеници нудат повисоки плати за да нема штрајкови

воз Германија фото МИА

Германската компанија Дојче Бан денеска понуди зголемување на платите на вработените во обид да спречи нови штрајкови, објави Ројтерс. Понуденото зголемување е до 12 отсто, со посебна доплата од 2.850 евра, со цел да се ублажи ефектот од зголемената инфлација врз платите на вработените во железничкиот оператор. Зголемувањето на платите треба да се спроведе во текот на 24 месеци. Понудата дава 12 отсто за најниско платените работници, а 10 и 8 отсто за вработените со повисоки плати, се вели во огласот. Германскиот железнички синдикат ЕВГ истакна дека следната недела ќе одговори на понудата, но дотогаш нема да преземе ништо, пренесува Каматица. Во изминатиот период ЕВГ организираше штрајкови кои предизвикаа бројни нарушувања во сообраќајот. Агенцијата забележува дека синдикатот, кој во своето членство има 180.000 вработени во Дојче Бан, претходно побарал зголемување на платата за 12 отсто или најмалку дополнителни 650 евра месечно. Дојче бан тогаш презентираше понуда за зголемување на платите од 10 отсто за послабо платените работници и осум отсто за оние со повисоки плати, вклучително и постепено зголемување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот