Германски лекари со предупредување: Пред нас е „разурнувачки трет бран“

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Специјализираните германски здруженија на лекари за итни случаи и интензивна нега предвидуваат дека бројот на пациенти во единиците за интензивна нега за ковид-19 на почетокот на мај, може да се зголеми на 5.000 луѓе.

Ако Германија итно не ги заостри мерките, смртните случаи од ковид-19 во државата ќе бидат многу, велат германските медицински лица. Епидемиологот Карл Лутербах, чии предвидувања скоро секогаш се исполнуваат, зборува за „разурнувачки трет бран” во изјава за локални медиуми.

Инфекциите со коронавирус во Германија продолжуваат рапидно да растат. Во моментот, повеќе од 3.000 кревети во болничките единици за интензивна нега се пополнети со пациенти болни со ковид-19, број што е еднаков на пикот на првиот бран на пандемијата во пролетта лани. Затоа, лекарите за интензивна нега во Германија вршат притисок за порестриктивно „затворање” и построги ограничувања на контактите.

Кристијан Карајанидис, претседател на Здружението на интернисти, повика училиштата и градинките да останат затворени додека не се обезбедат можности за масовно тестирање.

– Во спротивно, одделите за интензивна нега во Германија ќе бидат пренатрупани пред мај, рече тој во интервју за германски весници.

Но, дури и ако се преземе акција веднаш, тоа нема да се рефлектира во бројките до средината на април, бидејќи „бранот на пациенти со интензивна нега обично доаѓа две до три недели по бранот на инфекции, нагласува директорот на Регистарот на германски Специјализирани здруженија на лекари од итна и интензивна нега Гернот Маркс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот