Германска донација за центрите за лекување Ковид – 19

Амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, д-р Влатко Ужевски потпишаа договор за донација од 2.450.000 денари за набавка на медицинска опрема.

Германскаta Амбасада оваа година го распредели целокупниот буџет од програмата Мали проекти за помош на Клиниката за инфективни бoлести, Клиниката Карил и Клиниката за неврохирургија, предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19.

Како што соопштија денеска од Амбасадата, амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, д-р Влатко Ужевски потпишаа договор за донација во висина од 2.450.000 денари за набавка на медицинска опрема.

Воедно, на медицинскиот персонал му посакуваат и понатаму многу сила, а на сите заболени брзо опоравување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот