Германија стравува од шпионажа од страна на кинески студенти

Бундестаг / Фото Слободен печат / Борјан Бојчев

Германскиот министер за образование денеска повика на внимателност поради ризикот од научна шпионажа од кинески студенти кои со државните кинески стипендии се на германските универзитети.

– Кина се повеќе станува конкурент и системски ривал на полето на науката и истражувањето, рече Бетина Старк-Ватингер во интервју за групата весници на медиумската група Баерн (Mediengruppe Bayern), објавено денеска.

Како што пренесе Бета, во овој контекст, таа ја поздрави одлуката на Универзитетот Фридрих-Александар (ФАУ) во Ерланген, Баварија, кој од 1 јуни повеќе не прима стипендисти кои се исклучиво стипендирани од Кинескиот совет за стипендии (China Scholarship Council – CSC) кој е државно тело.

Според истражување неодамна објавено во меѓународниот сервис на Дојче веле и истражната платформа Коректив (Correctiv), носителите на вакви стипендии треба договорно да се обврзат да и бидат лојални на кинеската држава. Оние кои нема да ги почитуваат ваквите услови може да се соочат со правни последици, пренесоа медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот