
Германија: Страотен судир на автобус од Косово и камион, 30 луѓе се повредени
Вкупно 30 луѓе се повредени во страотен судир на автобус на косовски превозник со камион на автопат во Германија, јавија косовските медиуми. Според полицијата, возачот на автобусот од Словенија (49) не го забележал камионот пред него, управуван од 46-годишен полски државјанин, а меѓу повредените има и патници од Косово.
Препорачано
Камионот изгубил дел од товарот во судирот, поради што патот бил затворен.
Во моментот на несреќата, во автобусот имало 41 патник, од кои 30 биле повредени.
Шест лица се здобиле со тешки повреди и се однесени во болница, додека другите се полесно повредени и им е укажана помош во противпожарната станица во Иршенберг.
На местото на настанот е испратен и спасувачки хеликоптер, а автопатот А8 кон Минхен бил затворен до три часот утрово додека се извршувале работи за расчистување на патот и пренасочување на сообраќајот.
Вкупната материјална штета е проценета на околу 150.000 евра. Истрагата за причината за несреќата е во тек.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29сек
-
1мин
-
1мин
-
5мин
-
5мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5