Германија со најголем квартален пад на БДП од финансиската криза во 2009

На ваквиот резултат влијаеше затворањето на продавниците и фабриките во март поради мерките воведени за спречување на ширењето на корона вирусот.

Германската економија падна за 2,2 отсто во првото тримесечје од 2020. година, што претставува најголем квартален пад од финансиската криза, покажуваат прелиминарните статистички податоци.

На ваквиот резултат влијаеше затворањето на продавниците и фабриките во март поради мерките воведени за спречување на ширењето на корона вирусот.

Бруто домашниот производ на најголемата европска економија на годишно ниво регистрираше пад од 2,3 проценти во периодот јануари – март, по растот од о,4 отсто во претходните три месеци, се вели во податоците од Федералниот завод на статистика што ги објави „Ројтерс“.

Аналитичарите според анкетата на британските агенција предвидуваат намалување на германскиот БДП од 2,2 отсто на квартално и 2 отсто на годишно ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот