Германија размислува да го легализира абортусот до дванаесеттата недела од бременоста

Марш за поддршка на абортусот во Германија / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Абортусот во Германија може да се легализираат во првите дванаесет недели од бременоста. Се очекува ова да биде препораката на комисијата што ја назначи владата во понеделник, пишува Гардијан.

Иако прекинувањето на бременоста ретко се казнува во Германија, тоа е сè уште незаконско, освен во конкретни околности како кога животот на жената е во опасност или кога е жртва на силување. Но, предуслов за абортус е консултација со државен орган. Застапниците на промените сметаат дека сегашниот закон е застарен и штетен за жените.

Но, формирањето на женска експертска комисија за репродуктивно самоопределување и репродуктивна медицина не наиде на одобрување од претставниците на опозицијата, особено оние од конзервативната алијанса. Тие сметаат дека абортусите, и покрај тоа што се нелегални, се достапни и исклучително ретко резултираат со кривично гонење.

Еден од аргументите на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е дека на Германија „би и требале помалку мигранти доколку стапката на наталитет е поголема“. Тие се залагаат и за подолги казни.

И покрај обидите за измена на законот стар 153 години, владата нема обврска да ги прифати советите на комисијата, а токму АфД, која го поддржува заострувањето на постоечкиот закон, расте во анкетите во последните месеци, па учесниците во кампањата сметаат дека треба да се донесе одлука што е можно поскоро.

Поддржувачите на промените во Германија ја поздравија иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон ЕУ да го гарантира правото на жената на абортус во својата повелба за основни права, а Франција да го запише абортусот како уставно право.

Патем, во 2022 година Германија го укина законот од нацистичката ера со кој на лекарите им се забрануваше да рекламираат услуги за абортус, а Бундестагот неодамна донесе нов закон со кој се забранува заплашување на персоналот или пациентите во областите околу клиниките за абортус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот