Германија го доби првиот терминал за течен гас

Гасовод/ Фото Архива на Слободен печат

Првиот германски терминал за пренос на течен природен гас (ЛНГ) е отворен во германскиот град Вилхелмсхавен, што е дел од стратегијата на германската влада за намалување на зависноста од рускиот гас.

„Ова е голем и важен чекор кон поголема независност кога станува збор за снабдувањето со гас“, рече Олаф Лиес, министер за економија на сојузната покраина Долна Саксонија, каде што се наоѓа терминалот. Тој укажа на големиот успех на проектот, кој беше промовиран пред само 194 дена. Терминалот овозможува претворање на течниот природен гас во гасовита состојба и со тоа дополнителен транспорт преку гасоводи, пренесува Хина. Досега течниот гас влегуваше во германскиот систем преку терминалите за LNG во Франција и Холандија. Веќе постоечката пристанишна инфраструктура и одличните услови придонесоа изградбата на терминалот да стане успешна приказна“, рече социјалдемократскиот политичар.

Веќе се постигнати договори за зголемен увоз со земји како Катар и Канада, а покрај терминалот во Вилхелмсхавен, во изградба се уште два терминали на северот на Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот