Германците пред шалтерите го истураат бесот поради поскапувањето на струјата

Германија сметки/ Фото: blickwinkel / Alamy / Alamy / Profimedia

Драматичното поскапување на струјата доведе до големо незадоволство кај граѓаните во Германија, кои се почесто одат во филијалите на нивните снабдувачи со електрична енергија за да го истурат гневот. Електростопанството на германскиот град Цвикау затоа одлучи да ангажира чувар кој се грижи за безбедноста на своите вработени. Директорот Фолкер Шнајдер за дневниот весник „Билд“ изјави дека во центарот за корисници има чувар од утро до вечер.

„Тоа им дава на нашите луѓе чувство на сигурност“, рече тој, додавајќи дека вработените биле изложени на вербални напади во последните денови. Шнајдер рече дека го разбира незадоволството на граѓаните, поради што вработените поминале обука за деескалација. Енергетската компанија на германскиот град Цвикау снабдува околу 50.000 домаќинства со електрична енергија и 10.000 со гас. Шнајдер рече дека минатата година во Идар-Оберштајн било видено дека работник на бензинска пумпа бил убиен само затоа што му рекол на клиентот дека мора да носи маска, пренесува Танјуг.

Протест во најголемата фабрика за „ајфон“ во светот

Добавувачот на Епл, Фокскон, денеска се извини за техничката грешка во системот за плаќање на вработените, еден ден откако фабриката за Ајфон во Кина беше погодена од протест на работниците. Како што пренесува „Би-Би-Си“, неколку стотици работници демонстрираа низ најголемата светска фабрика за „ајфон“ во кинескиот град Женгжу, жалејќи се на рестрикции за ковид и неисплатени заостанати плати.

Британскиот јавен сервис објави дека луѓето кои во живо ги пренесувале протестите на интернет тврделе дека работниците биле тепани од полицијата. Во фабриката во Женгжу работат повеќе од 200.000 луѓе, а таму се произведуваат најновите телефони, вклучувајќи ги и „Ајфон 14 Про“ и „Про Макс“, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот