Германците не работат доволно?

Фабрика за автомобили во Германија/ Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Германската економија не се сопнува поради недостигот на јавни инвестиции, туку затоа што Германците не работат доволно напорно, изјави министерот за финансии Кристијан Линднер во Вашингтон.

„Во Италија, Франција и други земји се прави многу повеќе“, рече Линднер. Според агенцијата ДПА, тој тоа го препишал на регулативата за намалување на работното време, демографијата и привременото префрлање на лицата на намалено работно време, бидејќи немаат кому да им ги доверат децата. Линднер, лидерот на бизнис-пријателската либерална ФДП, повторно се изјасни за намалување на бирократијата, даночни стимулации за економијата за инвестиции и реформи на пазарот на труд, пренесува Каматица.

Според него, многу од мерките што ги предлага за „економски пресврт“ не чинат ништо, а заштедуваат пари во буџетот и осигурувањето.

„Кога луѓето работат или кога работат повеќе, плаќаат повеќе даноци и помалку црпат социјални бенефиции“, додаде Линднер.

Во последниот месечен извештај на Бундесбанк, се наведува дека германската економија во првите месеци од годината имала малку подобри резултати од очекувањата, бидејќи економистите предвидувале блага рецесија. Во секој случај, никако не е сигурно дека економијата го пренела растот во вториот квартал. „Генерално, сè уште нема знаци за одржливо закрепнување на германската економија“, соопшти Бундесбанк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот