Герила акција на „Акт активизам“ во Тетово: „Внимавај каде се паркираш”

Фото: mia.mk

Неформалната група „Арт активизам” од Тетово во својата денешна акција насловена „Внимавај каде паркираш” на непрописно паркираните возила им поставуваше т.н. „казнени билети“ со цел да им укажат на возачите од потребата за поголема совесност при паркирањето и со апел да се внимава на безбедноста на граѓаните и пешаците чии места за движење се узурпирани од возилата.

– Предупрепредување, важи за вашето возило, треба да научите како да паркирате, се вели во пораката на флаерот залепен на возилата.

Покрај предупредувањата, активистите поставија и пофалници на оние возила кои се прописно паркирани со цел да ги поддржат и истакнат совесните возачи.

Еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Тетово е сообраќајниот хаос. И покрај воведувањето на зонското паркирање, тешко се наоѓаат слободни паркинг места. Поради ваквата ситуација секој паркира каде што ќе стигне. Од една страна, општината не обезбедува доволно простор за паркинг, а од друга ако возачите се паркираат погрешно, експресно ги казнуваат. На двата главни булевара во Тетово, „Илирија” и „Илинденска”, сообраќајот се одвива на половина од коловозната лента поради паркираните комби такси превозници и други возила со што метежот во сообраќајот во овие улици станува се’ поголем, истакнуваат групата активисти.

Тие потсетуваат дека со години наназад возила се паркираат на пешачката зона на самиот плоштад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот