„Гересхајмер” отвори фабрика во Бунарџик, инвестиција од 25 милиони евра и 400 работни места

 Германската компанија „Гересхајмер” денеска официјално ја отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 во Бунарџик за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.

Станува збор за инвестиција од областа на  фармацевтската и здравствената индустрија во минимална вредност од 25 милиони евра во која треба да се вработат 400 лица.

-Поради ковид кризата изгубивме само околу половина година. Ве уверувам дека во следните два до три месеци ќе имаме значајно производство тука, рече Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер”.

Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер” е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра. Делегација на „Гересхајмер”, вчера на средба во Влада најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели.

„Гересхајмер” е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика со годишен обрт од 1,5 милијарда евра. Како што истакна Бургел, до 2028 година планираат годишниот обрт да изнесува 3,5 милијарди евра.

На официјалното отворање на фабриката присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче, како и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот