Герасимовски: Барањето за враќање на Ќосето Арсовска да го упати до Собранието

Општина Центар потврдува дека е пристигнато барање  од Град Скопје за добивање согласност за отпочнување на законска постапка согласно која би отпочнала процедура за враќање на споменикот на Ќосето на истата локација, на крстосницата помеѓу булеварите Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков. Во петокот од Општината испратиле одговор до Градот во  кој стои дека Центар нема надлежност во овој дел.

Оттаму прецизираат дека согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја надлежностите за подигнување на споменици се на Собранието на Република Северна Македонија, додека општините можат да подигнуваат спомен обележја само за личности и настани од локално значење. Согласно членовите 3 и 5 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја, како што посочуваат, е дефинирано дека настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Северна Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата, се во надлежност на Собранието.

На погрешна адреса е испратено барањето. Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење и оттаму, ова прашање не може да се третира на општинско ниво. Град Скопје треба да се обрати до Собранието. Што се однесува до самиот споменик, во минатото институциите утврдија бројни законски прекршувања при поставувањето на истиот, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. Верувам дека институциите во однос на овој случај ќе постапат целосно според законот, бидејќи во минатото истиот предизвика многу контроверзии – вели градоначалникот  Горан Герасимовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот