Георгиевски: Треба да си ја ревидираме историјата и да го смениме односот кон Бугарија

Љубчо Георгиевски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во вечерашното гостување на ТВ24 рече дека актуелниот „нов ветар од македонска и бугарска страна“ е добар.

-Двајцата нови премиери го внесоа тоа, не дека тој дух не постоеше кај Заев. Очигледно за жал, кај Бугарите немаше разбирање додека тој беше премиер. Не можеме, а да не го препознаеме новиот ветар, вели Георгиевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Експремиерот вели дека му е жал што во двете општества „секогаш кога ќе се направи некоја иницијатива да се подобрат односите, се наоѓаат душегрижници кои наоѓаат проблеми“.

– Кај нас, постојано имам чувство дека што и да се направи од бугарска страна, таквите друшегрижници, особено ботовите на интернет реагираат по автоматизам. Новиот бран би го протолкувал како нова стратегија на Бугарија која долги го децении велеше дека Македонците се Бугари од почеток до денес, а потоа се разви нова теза, дека денес Македонците може да се кажуваат како сакаат, но претците не може да ги дадат. Не сметам дека политиката на државно ниво треба да решава историски проблеми. Како политичар од ВМРО-ДПМНЕ за 30 години на првото основачко собрание на партијата реков дека Македонија треба да ја смени политиката кон Бугарија, треба да направи ревизија на сопствената историја и тоа треба да го направиме заради нас самите, рече Георгиевски.

Тој вели дека слични појави гледа и во Бугарија.

-Во бугарската политичка сцена некои измислуваат проблеми каде ги нема, зошто Петков дошол во Скопје, зошто Ковачевски не бил на „баци рака“ во Софија итн. Додека пак овде, имам чувства дека ботови брз да видат што се случува реагираат по автоматизам, вели поранешниот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот