Георгиевски реагира за патиките кои Перо Антиќ му ги подари на Вучиќ: Симболот од кој се тресевме до 2001 година, сега како верност за српскиот свет

Георгиевски реагира за подарокот за Вучиќ/Фото: Скриншот

Екс премиерот и лидер на ВМРО – Народна партија Љубчо Георгиевски преку Фејсбук реагираше на вчерашниот гест на претседателот на КФМ Перо Антиќ кога на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ му подари патики со српски обележја.

– Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија. Симболот од кој се тресевме до 2001 година, а сега како верност кон српскиот свет, напиша Георгиевски на Фејсбук.

Вчера српскиот претседател по средбата со Антиќ кој дел од професионалната кошаркарска кариера ја помина во Србија објави видео на кое го покажува подарокот од Антиќ.

– Со легендата на српската и македонската кошарка Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“. Патен, двајцата сме горди на српските кошаркари и чекаме злато од Париз, напиша Вучиќ во контекст на финалето од Светското првенство во кошарка на Филипините каде Србија освои сребрен медал во дуелот со Германија.

Антиќ исто така ја коментираше срдечната средба со Вучиќ и појасни за подарок патиките.

– Секогаш е задоволство да се сретнеш со драги пријатели со кои разговараш за сличните интереси. Денеска имав можност повторно да се сретнам со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Разговаравме за кошарка, за последниот медал што го освои Србија на Светското првенство и за претстојните предизвици на спортски план на Србија и Македонија. Средбата ја искористив и да му подарам дизајнирани патики со обележја на Србија, креирани од единствениот @swithadot. Се надевам дека во некоја наредна можност ќе се сретнеме и на кошаркарските терени“, напиша Антиќ на својот профил на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот