Газдите на Манчестер сити го зголемуваат портфолиото, си купија и 11. фудбалски тим

твитер

Сити групацијата продолжува да го зголемува бројот на фудбалски екипи на кои е сопственик.

Сопствениците на Манчестер сити објавија дека постигнаа договор за соработка со најголемиот тим од Боливија, Боливар.
Боливискиот клуб ќе може да смета на комплетната инфраструктура на Сити групацијата, на тренери, скаути како и контакти.
Боливар е 11. тим кој влезе во портфолиото на Сити групацијата каде најпознат тим е англискиот Манчестер сити.
Освен „граѓаните“, Сити групацијата е сопственик и на Џирона (Шпанија), Мелбурн сити (Австралија), Њујорк сити (САД), Мумбаи (Индија), Сечуан (Кина), Монтевидео (Уругвај), Јокохама (Јапонија), Ломел (Белгија) и Троа (Франција).
– Денеска сонот стана реалност. Клубот Боливар стана партнер на Сити групацијата која е наголем фудбалски проект на светот. Со оваа соработка нашиот клуб ќе стане уште поголем. Ќе користиме се што Сити групацијата има и очекуваме дека ќе станеме најголем клуб во регионот – изјави претседателот на Боливар, Марсело Клауре.

Сити групацијата е во сопственост на „Абу Даби јунајтед група“ чиј претседател е принцот од Обединетите Арапски Емирати, Мансур бин Зајед ал Нахјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот