
Гастроентерологот Перишиќ тврди дека оваа зимница воопшто не е здрава и е полна со хемикалии
Српскиот гастроентеролог, д-р Војислав Перишиќ зборувал за зеленчукот и неговите хранливи материи, пробиотските бактерии, ајварот и киселите краставички во гостување на телевизијата „Прва“. Докторот ја окарактеризирал зелката како „кралица на зеленчукот“, а за пиперките нагласил дека содржат најмногу витамини кога се свежи, пред долготрајните преработувања и подготовката за потребите на зимницата. Во тој случај, рекол Перишиќ, пиперката е само полна со хемикалии.
Препорачано
– Пиперката има повеќе витамин Ц од лимонот, грејпфрутот или од портокалот. Но, таа не е стабилна на високи температури, а ако зготвиме ајвар за зимница, поголемиот дел од витаминот Ц ќе исчезне. Зелката, за него, е „кралица на зеленчукот“, без разлика дали е свежа или скиселена – рекол гастроентерологот.
Киселата зелка е кралица на зимницата
Зелката е најдобра кога е скиселена, но и свежата зелка може да има само корисно дејство за нашиот организам и имунолошкиот систем. Еден пијалак направен од овој зеленчук „ги враќа луѓето во живот“.
– Расолницата од зелка е најхранливата течност, добиена со ферментација на апсолутно чудотворното растение. Дури и луѓето што пијат многу алкохол земаат расолница по злоупотребата на алкохолот, таа е полна со антиоксиданти, како и со пробиотици – објаснил докторот.
Зелката има многу добри бактерии кои се мошне корисни за нашиот дигестивен систем, а ги предупредил домаќинките што не треба да прават кога подготвуваат зимница за да не ги убијат овие бактерии.
– Зелката има многу добри бактерии, одлична е за варењето. Пробиотски бактерии можеме да добиеме од растенијата или директно од почвата, а зелката има многу од нив. Правилната подготовка е важна, домаќинките понекогаш додаваат премногу сол, а таа ќе ги убие бактериите – рекол д-р Перишиќ и објаснил колку сол треба да се стави во зимницата.
– Земете тенџере, зелката само исечете ја и отстранете го коренот, па ставете една лажичка сол таму каде што бил коренот. И зелката продолжува да ферментира од сопствените бактерии, од кои најмногу ги има од родот lactobacillus. Пред да ја консумираме, мора да се ослободиме од вишокот сол, затоа е важно киселата зелка да ја измиеме – рекол гастроентерологот.
Подобро кисела, отколку свежа
Доктор Перишиќ советува кисела зелка отколку свежа, иако нагласува дека и свежата зелка има многу добри својства. Докторот „критикувал“ и еден зеленчук што не го сака!
– Дали може ли кељот да се кисели? Нема шанси. Тој нема ферментирачки јаглехидрати – истакнал гастроентерологот.
Меѓу другите намирници што можат да се киселат или конзервираат преку зима на друг начин, тој го издвојува ренот и наведува кој е најдобриот начин да го подготвиме и да го „искомбинираме“ со друг зеленчук.
– Ставете го во пиперките, стебленцата ослободуваат една супстанција што ги уништува микробите! Знам дека не секој може да јаде рен, но само ставете го покрај пиперките во теглата, тој ќе ги ослободи сите тие супстанции, дури не мора ниту да го јадете потоа – рекол доктор Перишиќ.
Ренот во мед е, рекол докторот, „генијална идеја“. Медот има силно антиоксидативно дејство, а ренот има антиинфективно дејство.
За жал, тој смета дека другиот конзервиран зеленчук не е многу корисен.
– Кога е во прашање туршијата, но ако нема ферментација, нема таа некој ефект. Па, краставицата не може да се ферментира. Да речеме кисела пиперка. Тоа е само пиперка со хемикалии што спречуваат скапување, а она што таа пиперка го има во однос на состојките сама по себе, го има и тоа е тоа. Во туршијата е безначајна. Подобро е тогаш да се јаде свеж зеленчук, освен зелката – рекол докторот на крајот.