Гаши му се заблагодари на Пендаровски бидејќи „потврдил“ дека Ахмети молел за амнестија за Груевски!

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши му се заблагодари на шефот на државата Стево Пендаровски декаа одговорил на неговото прашање  дали лидерот на ДУИ Али Ахмети  барал амнестија на експремиерот Никола Груевски.

Гаши на Фејсбук напиша:

„На нашето прво јавно прашање „Дали Али Ахмети ги молеше, до небо, некои од меѓународната заедница, на средба во Скопје, да дозволат амнестија за Никола Груевски?!“, одговори претседателот Стево Пендаровски.

Ви благодариме Претседателе што ја потврдивте нашата информацијата!

После ова се надевам дека редно е да одговори и тој на кого му е поставено прашањето“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот