Гардијан: Илјадници кратери од израелското бомбардирање на Газа се гледаат од сателит

Сателитски снимки од северниот дел на Појасот Газа, по силното израелско бомбардирање, покажуваат повеќе од 1.000 кратери на околу 10 квадратни километри видливи од вселената, наведува во анализа британски „Гардијан“.

Само во една област, широка само половина километар, неколку станбени области биле бомбардирани толку силно што биле видливи околу 100 кратери, некои од нив големи и до 13,9 метри, пишува британскиот весник.

Најмалку една болница и три училишта во областа не се во функција, очигледно поради бомбардирањето околу објектите. Останатите згради на снимката, која е снимена на 30 октомври се целосно срамнети со земја и претворени во урнатини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот