ГАЛЕРИЈА „Слободен печат“ на турско-грчката граница: Мигрантите распослани во импровизирани услови

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Неколку новинарски екипи од Македонија, меѓу кои и фоторепортерката на „Слободен печат“ Арбнора Мемети, денеска беа во турскиот град Едрене, во близина на турско-грчката граница, каде беа сведоци на напнатата атмосфера во овој регион по одлуката на Турција да им дозволи на мигрантите да го продолжат својот пат преку Грција до некоја од европските земји.

Сега се проценува дека секојдневно за по околу 1.000 се зголемува бројот на мигранти од Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан, кои се обидуваат да ја минат реката Еврос, која е природна граница меѓу двете земји. Голем број мигранти се блокирани во меѓуграничниот простор, зашто грчките погранични служби не дозволуваат премин. Повеќето се сместуваат во и околу пограничните села, во импровизирани услови, без доволно храна, санитарии и засолниште.

На новинарските екипи не им е дозволен пристап во пограничниот појас. Се чувствува голема неизвесност меѓу локалното население. Насекаде можат да се видат мигранти, во поголеми и помали групи. Од грчката страна може да се слушнат детонации, најверојатно од солзавци. Информациите дека било употребено огнено оружје, кои се проширија, подоцна беа демантирани.

Фотографии: Арбнора Мемети

[foogallery id=”199810″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот