ГАЛЕРИЈА: Силјановска Давкова: Ќе бидам „своја глава“ и надпартиски претседател што ќе гради сојузи и консензуси

Гордана Силјановска Давкова/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Со митинг одржан пред Владата во Скопје, кандидатката за претседател на државата,  Гордана Силјановска Давкова подржана од ВМРО ДПМНЕ ја започна кампањата.  Под слоганот „Македонија повторно горда“ нагласи дека како претседател ќе се однесува надпартиски, со градење сојузи и консензус.

фото:  Драган Митрески

Во својот говор професорката Силјановска Давкова порача:

Гордоста не се купува или подарува. Гордоста се заслужува. Ова е годината кога одбележуваме 80 години од македонската државност, 80 години од АСНОМ. Партизаните, беа инспирирани од првиот Илинден и затоа влегоа во вториот Илинден, во борба за слобода.

Е така се гради гордост, тие загинаа за нас , за Македонија да ја направат горда.Ние тоа мора да го почитуваме. Тие тоа го заслужуваат, нашиот народ тука тоа го заслужува, рече Силјановска Давкова.

фото: Гордана Силјановска Давкова/ Драган Митрески

Пред присутните граѓани вети дека ќе биде „своја глава“ и надпартиски шеф на државата.

„ Ќе бидам своја глава. Ако во извршната власт има две глави треба да соработуваат. Надвор нема да заминам пред да изградам консензус за најважните државните прашања. Не се оди надвор во дуел, туку во дуо, рече Силјановска Давкова.

 

фото: Гордана Силјановска Давкова/ Драган Митрески
фото: Гордана Силјановска Давкова/ Драган Митрески
фото: Гордана Силјановска Давкова/ Драган Митрески
фото: Гордана Силјановска Давкова/ Драган Митрески
фото: Гордана Силјановска Давкова/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот