ГАЛЕРИЈА | Премиера на „Елвис“ во Кан: Филмот ги собра сите „фаци“ на куп
Најновиот филм на Баз Лурман „Елвис“ беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал. Овој настан привлече големо внимание и голем број познати личности. На црвениот тепих прошетаа актери, музичари, спортски ѕвезди и личности од модниот свет.
Манескин, Кајли Миног, Адријана Лима, Шакира, Левандовски … Ѕирнете во гала премиерата на „Елвис“ во Кан
Покрај режисерот Баз Лурман, присутни беа и Остин Батлер кој го толкува Елвис Присли во филмот, Том Хенкс кој го игра полковникот Паркер, менаџерот на Елвис Присли, како и Присила Присли, сопругата на Елвис, Кајли Миног, Шакира, Адријана Лима, Георгина Родригез, фудбалерот на Баерн Минхен Роберт Левандовски со сопругата Ана, ММА ѕвездата Конор Мек Грегор, Шерон Стоун…
Внимание привлече и групата Манескин, која подоцна ја изведе својата песна која е дел од филмот „Елвис“.
Ова достигнување ги прикажува музиката и животот на неповторливиот Елвис Присли низ призмата на комплицираната врска со неговиот менаџер, која траела 20 години, од подемот на Присли до врвот на неговата слава. Во срцето на оваа приказна, се разбира, е врската со една од најважните луѓе во животот на Елвис, Присила Присли.
Главните улоги ги толкува младиот актер Остин Батлер како Елвис, додека во улогата на полковникот Паркер е оскаровецот Том Хенкс.
Покрај Хенкс и Батлер, главните улоги ги толкуваат Хелен Томпсон во улога на мајката на Елвис, Ричард Роксбург во улога на таткото на Елвис и Оливија Дејонг во улогата на Присила. Покрај нив, во филмот играат и Лук Брејси како пријателот на Елвис, Џери Шилинг, Наташа Басет како првата девојка на Елвис, Дикси Лок, Дејвид Венам како Хенк Сноу, Келвин Харисон Џуниор како ББ Кинг, Хавиер Семјуел како Скоти Мур и Коди Смит-Мекфи како Џими Роџерс Сноу.