Галеника: Стратешко проширување на портфолиото и раст на меѓународното деловно работење

Компанијата Галеника во текот на 2023 година забележа значително проширување на портфолиото на производи, раст на бројот на меѓународни сертификати за квалитет и натамошна интернационализација на работењето. Во текот на претходната година, во Србија и на регионалните пазари каде што работи, Галеника регистрираше 129 производи, а 77 беа пуштени во оптек. Компанијата го зголеми бројот на сертификати за највисоко ниво на стандарди за работа и производство, а сега е носител на 18 домашни и меѓународни GMP, ISO и HACCP сертификати. Освен во Србија, Галеника успешно работи на 20 меѓународни пазари, додека во 2024 година се планира проширување на операциите на уште 4 пазари во Европа и регионот МЕНА.

Како дел од бразилската Групација NC и стратешкото партнерство со бразилскиот фармацевтски лидер – EMS, Галеника во текот на 2023 година успешно реализираше трансфер на технологија за 6 производи од поновата генерација на генерички лекови, а во 2024 година ги започнаа подготовките за реализација на трансфер на технологија за уште 6 производи.

„Независно на предизвиците креирани од глобалните околности, Галеника во 2023 година успешно обезбеди производство и дистрибуција на своите производи на сите пазари каде што работи. Квалитетот е основен предуслов на деловната филозофија на Галеника и еден од столбовите на одржлива култура на нашето деловно работење и општествената одговорност. Во 2024 година, Галеника останува стратешки фокусирана на раст преку производи со висок квалитет, инвестиции, дигитална трансформација и понатамошна глобализација на нејзиниот бизнис“, изјави Рикардо Виан Маркес, генерален директор на Галеника.

Високо на листата приоритети е и одговорното деловно работење. Во споредба со 2022 година, во 2023 година Галеника го намали количеството на создаден отпад за 20%, а потрошувачката на вода за 4%. За да се обезбеди максимална заштеда и минимална загуба на вода, во март 2024 година се очекува да заврши реновирањето на внатрешниот водовод, инвестиција во која се вложени седумстотини илјади евра. Во согласност со потребите на современиот бизнис, компанијата го удвои вкупниот број на часови инвестирани во обука на вработените. Заложбата на компанијата за развој на женскиот лидерски потенцијал и препознавање на вредноста на различноста говори и податокот дека 64% од менаџерите во Галеника се жени, што е дури за 17% повеќе од 2022 година.

Поддршката на заедницата преку долгорочни проекти за подигање на свеста за превенција не изостана ниту во текот на 2023 година, додека компанијата продолжува да ги проширува иницијативите од овој тип во земјите од регионот.


Спонзорирана објава

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот