Г7 го повика ММФ да обезбеди помош за Украина до крајот на март

фото миа

Министрите за финансии на Групата седум најразвиени земји (Г7) денеска го повикаа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да обезбеди нов пакет помош за Украина до крајот на март.

„Ги повикуваме ММФ и Украина да воспостават кредибилна, амбициозна, целосно финансирана програма со соодветни услови до крајот на март 2023 година“, се вели во заедничката изјава од министерскиот состанок во Бангалор, јужна Индија.

Министрите од Г7, која ја сочинуваат Канада, САД, Јапонија, Франција, Германија, Италија и Велика Британија, додадоа дека санкциите досега „во голема мера ја ослабнале способноста на Русија да ја води својата нелегална војна“.

„Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ефикасноста на санкциите и да преземаме нови мерки доколку е потребно. Исто така ќе продолжиме тесно да соработуваме со нашите партнери за да ги спроведеме санкциите и да го спречиме секој обид за избегнување или заобиколување на санкциите“, се додава во соопштението.

Министрите на Г7 ги повикаа другите земји да се приклучат на санкциите против Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот