Фудбалскиот сојуз на Шведска воведе посебни мерки за синот на Ибрахимовиќ

Фото: Screenshot

Синот на легендарниот Златан Ибрахимовиќ доби повик во репрезентацијата на Шведска за фудбалери родени до 2008 година.

Доаѓањето на младиот Винсент привлече големо внимание, сигурно станува збор за најголемиот интерес за У15 селекцијата на Шведска во историјата. Во кампот на репрезентацијата има 66 фудбалери кои ќе се обидат да изборат место во националниот тим.
Интересно е што Фудбалската федерација на Шведска презема посебни мерки за обезбедување на младиот Винсент.

 

Според пишувањето на локалните медиуми, Винсент веднаш на првиот тренинг покажал голем квалитет, а за разлика од неговиот татко тој игра во средниот ред.

Но, на новинарите им било забрането да го вознемируваат за било какви изјави и интервјуа. Во сојузот сакаат неговиот потенцијален влез во репрезентацијата да биде прирорден како што е случај и со останатите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот