Франија купува 42 борбени авиони Рафал

„Рафали" паркирани на носачот „Шарл де Гол" во Абу Даби/Фото: EPA/ALI HAIDER

Франција нарачала 42 борбени авиони Рафал од Дасолт Авиејшон, пренесува Дефенс Њуз. Трансакцијата е вредна над 5,5 милијарди долари, соопшти француското Министерство за вооружени сили.

Француските пратеници се загрижени за француско-германскиот проект за производство на наследник на Рафал. Проектот е наречен Фјучр Комбат Ер Систем (ФКАС) и треба да биде завршен помеѓу 2045 и 2050 година, а француските политичари не сакаат да чекаат дотогаш.

Министерството соопшти дека агенцијата за набавки се обратила до Дасолт, како и со добавувачите на опрема Талес, Сафран и МБДА. „Ова е одлична вест за нашиот суверенитет и безбедност и за нашите вооружени сили, кои ќе имаат голема корист од дополнителните авиони Рафал со модернизирани способности“ изјави министерот за вооружени сили Себастиен Лекорну.

Рафал првпат беше воведен во француската морнарица во 2004 година, а во француското воздухопловство во 2006 година. Се користеле во Авганистан, Либија, Ирак, Сирија и Мали. Сметајќи ја последната трансакција, вкупниот број на вакви борбени авиони нарачани од Франција се искачи на 234 во 2021 година.

Во моментов во светот се бараат 261 нови авиони Рафал, а дел од клиентите се Египет, Индија, ОАЕ и Индонезија. Грција и Хрватска купија по 12 користени рафали од француското воено воздухопловство.

Новиот авион, кој е наменет за воздухопловните сили, ќе има едно седиште и ќе содржи ракети со среден дострел, како и системот Спектра од компанијата Талес. Авионот има мотор М88 произведен од Сафран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот