Французите во неверица: Каков шамар! Катастрофа!

фото: men2020.ehf-euro.com/Axel Heimken

Ракометарите на Франција за прв пат во историјата на Европските првенства испаднаа во првата фаза по поразите од Португалија и Норвешка во првите две кола.

Португалија оди во втората фаза, а Франција си оди дома. Доколку некој би ви кажал вакво нешто пред три дена, сигурно е дека секој познавач на ракометот би ви одговорил дека сте луд, но по првите две кола, распоредот е токму таков.

Португалија со 27:24 ја совлада БиХ, додека Франција загуби од Норвешка со 28:26 по што ракометната велесила која доминираше на сите натпреварувања во последните 10-15 години, си ги спакува коферите и се врати дома.

Француските медиуми не можат да веруваат во овој расплет на настаните и ги распнаа „триколорите“.
„Плави, тука е крај“. Франција која е поразена од Норвешка е елиминирана. Катастрофалното сценарио не беше избегнато и Франција за прв пат во историјата нема да игра на втората фаза“, пишува угледниот „Лекип“.

Досега најлошиот настап на Франција на Европските првенства кои се играа од 1994 година е 11. место на ЕП во Србија 2012 година, но тогаш ја помина првата фаза и испаднаа во втората.
Последниот ваков неуспех на „триколорите“ на едно големо натпреварување е од Светското првенство во далечнара 1978 година. Тие тогаш на ракометниот мундијал во Данска претрпеа три порази во групаната фаза од Романија, Источна Германија и Унгарија.

„Франција остана без славата“, стои во насловот на „Ле Паризиен“ кој потоа пишува: „Со поразот од Норвешка (28:26) соиграчите на Никола Карабатиќ веќе се елиминирани од ЕП. Не успеаја да ги разрешат проблемите од првиот натпревар против Португалија. Крај на една ера!“.

фото: men2020.ehf-euro.com/Stanko Gruden

– Не знам дали постои криза. Ќе го анализираме натпреварот, паднавме и Франција е денеска таму каде што е – одговара селекторот Дидие Динар.

„Разбиени и елиминирани, „Les Bleus“ добија историски шамар“, пишува „Ле Фигаро“.

Ракометарите на Франција за три месеци ќе имаат можност да се извадат да историскиот шамар кој до добија на ЕП, бидејќи се домаќини на олимпискиот турнир.

Франција во својата богата биографија имаат две олимписки злата (2008 и 2012), пет пати се светски шампиони (1995, 2001, 2009, 2011, 2015 и 2017) и три пати се европски шампиони (2006, 2010 и 2014 година).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот