5 C
Скопје

Францускиот Парламент ќе предложи нов член 24 од предлог законот за глобална безбедност

Парламентарното мнозинство во францускиот Парламент ќе предложи нова верзија на членот 24 од нацрт-законот за глобална безбедност, што се однесува на забраната за емитување слики и видео материјали од полицајци за време на интервенција.

Токму овој член од нацрт-законот предизвика големо незадоволство кај Французите, критики во медиумите и осуда на организациите за заштита на човековите права и слободи.

-Парламентарното мнозинство ќе предложи членот 24 повторно да биде напишан, бидејќи се уште постојат одредени сомнежи за него, изјави шефот на парламентарната група на владејачката Републиката во движење (ЛРЕМ), Кристоф Кастанер.

Противниците на овој член оценија дека претставува пречка за правото на слободно информирање и побараа негово целосно повлекување од текстот на идниот закон.

Прочитајте и...  Најава за операција „метла“ во армијата на САД: Лојд Остин најави чистка за расисти и екстремисти

Во Франција во саботата се одржаа протести против овој закон.

Извор.МИА

ФОТО+ВИДЕО: Уапсени 33 демонстранти и новинари во Париз по протестот против Законот за сеопфатна безбедност, има повредени

Поврзани вести

Хоџа и Нуредини во Анкара: Создаваме можности за нови инвестиции и соработка во областа на одржливо управување со водни ресурси и заштита на шумскиот потенцијал

Слободен печат

Трамп се прости: Се гледаме наскоро

Слободен печат

Претседателот Пендаровски на средба со раководствата на компаниите учесници во програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери”

Слободен печат

🔴 ОД МИНУТА ВО МИНУТА I Бајден денес станува претседател: Вашингтон е под опсада на војската

Слободен печат

Во Прилеп се подигнува модуларната болница, денеска се затвора ковид-одделот во интерно

Слободен печат

Курти нема да може да учествува на вонредните парламентарни избори во Косово

Слободен печат

Остави Коментар