Францускиот министер „жали” за групната фотографија направена во фабриката за маски

-Оваа фотографија не требаше да биде направена под овие услови. Жалиме за тоа, изјавија од Кабинетот на министерот за внатрешни работи.

Групната фотографија со работничките во фабриката за производство на заштитни маски, која ја објави францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер, стана најкоментирана на Твитер, среде здравствена криза со коронавирус. Ова особено, бидејќи тој и другите на фотографијата не ги почитуваат препораките за физичко растојание и се без заштитни маски, јави дописникот на МИА.

Сликата е направена за време на посетата на Кристоф Кастанер, на фабриката на компанијата Мортелек, во Аноеулин (Северна Франција).

Проблемот е во тоа што министерот, а и најголемиот број од другите лица на фотографиите ги имаат извадено заштитните маски, односно тие не ги почитуваат правилата за физичко растојание што се препорачани од Владата и здравствени власти.

-Оваа фотографија не требаше да биде направена под овие услови. Жалиме за тоа, изјавија од Кабинетот на министерот за внатрешни работи.

-Правилата за физичко растојание се императив и навиките тешко се менуваат. Учењето да се живее со физичко растојание е постојано учење: сите мора да го научиме, велат од кабинетот на министерот и посочуваат дека посетата била овековечена „на барање на шијачките, кои се гордеат со својата работа“.

Генералниот директор на групата Мортелек, ја потврди верзијата на министерот за внатрешни работи:
-Во текот на посетата го придружував господинот Кастанер. Шијачките сакаа фотографија за спомен, со лицето на министерот, без негова маска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот